Опасен вирус пристигнал на Запад

Не постои вакцина ниту лекување

 |  инфодеск  | 

Американските здравствени служби, во петокот, соопштиле за појава на прв случај на зараза од коронавирусот MERS (Средноисточен респираторен синдром) во САД.

Центрите за контрола и превенција од болести објавиле дека таа болест е дијагностицирана кај еден здравствен работник кој на 24 април допатувал од Саудиска Арабија преку Лондон и Чикаго.

„Предвидовме дека MERS ќе дојде до САД, спремни сме и превземаме брза акција“, рекол директорот на CDC Tom Fieden.

CDC е во потрага по луѓето кои можеле да имаат контакт со заразеното лице бидејќи вирусот може да се шири преку блиски контакти.

Случајот е дијагностициран откако пациентот почувствувал респираторни тешкотии, три дена по враќањето во САД. Симптомите вклучуваат отежнато дишење, кашлање и треска. Пациентот е во стабилна состојба и изолиран.

Вирусот прв пат се појавил во 2012 година во Саудиска Арабија. Од појавата на болеста евидентирани се 401 случај, главно на Арапскиот полуостров. Досега, изолирани случаеви на зараза од MERS се појавиле во 12 земји. Поголемиот број на заразени лица развиле тешки акутни респираторни симптоми со температура, кашлање и отежнато дишење. Од последиците на оваа болест починале 93 лица.

Службените лица сеуште не знаат од каде доаѓа овој вирус ниту како точно се шири. Не постои вакцина или конкретно лечење од него.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top