Луѓето за некоја година би можеле да се пробудат во свет кој не го познаваат, опасен и тежок за живот, кој ќе го направат климатските промени – предупредуваат научниците.
Човештвото има само уште неколку години да ги спречи последиците од климатските промени кои ќе донесат најекстремни временски прилики и делови од светот ќе ги направи невозможни за живот, наведено е во документот на Обединетите нации.
Во извештајот кој го направиле 772 научници се истакнува дека емисијата на гасови, ако под итно не се намали, ќе доведе до значително подигање на нивото на морињата и до промени на температурата кои драматично ќе влијаат на животот на луѓето и еко-системите.
Климатските промени веќе делуваат и претат со ширење на различни болести во Африка, со материјални штети и губење на животи и со намалување на производството на квалитетна храна ширум светот.
Научниците наведуваат дека овој извештај на ОН е досега најсериозното предупредување за целиот свет.
Човештвото е многу блиску до моментот кога ќе биде предоцна – каде просечните температури во однос на прединдустриското време ќе пораснат за два степени.
Ако ја преминеме оваа граница, ќе се соочиме со големи промени во еко-системите и ќе живееме во непознат свет со страшни последици. Ако тепературите пораснат за четири степени, како што предвидуваат некои модели, ќе дојде до драстични промени во земјоделието.
Освен во чиста енергија, треба повеќе да се вложува во припремите за последиците од климатските промени. Така што, некои заедници треба веднаш да се преселат во помалку опасни подрачја, а би требало да се зајакнуваат службите за поддршка, посебно во сиромашните општества.
Посебен проблем е фактот дека во некои делови на светот се повеќе недостасуваат храна и вода. Со климатските промени, бројни региони ќе останат сушни и врели.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град