Стартапот OLO од Сан Франциско го смисли првиот 3D принтер кој е специјално дизајниран така што ќе биде додаток на смарт телефоните. Начинот на кој OLO функционира е поприлично фасцинантен.
Во овој минијатурен принтер се става паметниот телефон кој на својот екран прикажува 3D модел на предметот кој сакате да го направите. На екранот се појавува модел кој емитува посебна светлина која во допир со материјалот во принтерот го креира саканиот предмет. Принтерот користи полимерска смола која се стврднува за време на принтањето, а делови на модулот околу паметниот телефон се подигаат и испуштаат нов слој на смола, сѐ додека не се дојде до конечниот резултат.
На овој начин можат да се направат одредени предмети кои, на пример, ќе можат да ги заменат оштетените пластични делови на автомобилот, компјутерот и слично.
OLO моментално е во Kikstarter кампања и собра преку 2 милиони долари со кои е далеку надмината нивната цел од 80.000 долари. Цената на овој минијатурен 3D принтер изнесува 99 долари, а на следниот линк може да се види како тој всушност функционира.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град