Одлична вест за љубителите на пивото

Пивото е извор на фолат, наицин, магнезиум и калиум

 |  инфодеск  | 

Без оглед дали знаете кои се добрите страни на овој освежителен и нутритивно богат пијалок од хмељ, пивски квасец, слад и вода, ова би требало да се прочита.

Пивото е добар извор на фолат (препорачана доза за внес во организмот изнесува 200 mcg), наицин (витамин В3), магнезиум и калиум, а едно пиво на ден може да му донесе многу здравствени предности на вашиот организам.

Помал ризик од кардиоваскуларни заболувања е само една од нив. Истражувањата покажале дека жените кои пијат во просек едно пиво на ден имаат подобро ментално здравје од жените кои го избегнуваат.

Умереното пиење на пиво има влијание и на густината на коските, а добро е да се знае дека и безалкохолното пиво го “чува срцето” исто како и обичното светло пиво.

Сепак, во ова не треба да се бара оправдување за претераната конзумација на пиво и потребно е да се нагласи, како и кај секој алкохол, дека претераното конзумирање не е добро.

Пивото не смеат да го пијат трудници, лица со болести на црниот дроб и посебно лицата кои болуваат од артритис.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top