Нé очекува незаборавен поглед кон небото

Овој незаборевен призор ќе може да се види од сите делови на нашата планета

 |  инфодеск  | 

Ѕвезди со опашки кои обично се појавуваат на небото во август ќе имаат свој огномет, а кулминација се очекува во четврток навечер кога стотици секој час ќе прелетуваат над темното небо кој ветува незаборавен призор.
“Оваа година претставата ќе биде спектакуларна”, рекол за AFP Morgan Hollis, астроном во британското кралско астрономско здружение.
Овој незаборевен призор кој ќе може да се види од сите делови на нашата планета е благодарение на  Перзеидите, делови од кометата Swift-Tuttle која секоја година ја сече земјината патека од средината на јули до средината на август.
Оваа година Перзеидите најдобро ќе можат да се видат на 12 и 13 август кога Земјата ќе се најде во средиштето на нивниот облак. Феноменот ќе може да се следи скоро две недели, колку што и треба на Земјата да мине низ метеорскиот рој.
Среќна околност е тоа што оваа година месечината нема да се гледа па нејзината светлина нема да ја попречува глетката.
Научниците препорачуваат овој призор да се гледа со голо око и дека не се потребни телескопи и дурбини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top