Аргентина: Обвинети претседателката и министерот за надворешни работи

Државното обвинителство ја обвини претседателката

 |  инфодеск  | 

Аргентинската претседателка, Cristina Fernandez de Kirchner вчера и формално е обвинета за наводно прикривање на вмешаност на Иран во нападот на еврејската заедниаца во Буенос Аирес во кој во 1994 година се убиени 85 лица.

Државното обвинителство ја обвини претседателката врз основ на обвиненијата што против неа ги изнел обвинителот Alberto Nisman кој 11 години го истражуваше нападот.

Nisman на 14 јануари предал акт во кој се тврди дека властите примениле план за да го заштитат Иран кој го нарачал нападот. Четири дена подоцна Nisman е пронајден мртов, убиен со куршум во главата и тоа еден ден пред закажаното сведочење пред парламентот за обвиненија против претседателката Kirchner и нејзините помагачи.

Властите отпрвин тврдеа дека извршил самоубиство, за да подоцна изнесат хипотеза за убиство, пишува агенцијата AFP.

Претседателката Fernandez de Kirchner не може да биде осудена освен ако не ѝ биде одземен мандатот кој истекува на крајот од годината.

Со претседателката се обвинети и министреот за надворешни работи Hector Timerman и уште двајца провладини политичари. Timerman во интервју за американскиот дневен весник Washington Post изјавил дека ниту тој а ниту претседателката немаат никаква корист од смртта на Nisman.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top