Објавено е глобално предупредување за опасност од тероризам

“Мета на екстремистите се спортски настани, културни манифестации, отворени пазари или воздухоплови.”

 |  инфодеск  | 

САД упати глобално предупредување за опасност од патувања за своите државјани насекаде во светот, поради зголемени терористички закани.

State Department во соопштението наведува актуелни информации за тероризам кои упатуваат на IS, Al Kaida, Boko Haram и останатите терористички групи во бројни региони и ги цитира неодамнешните напади изведени оваа година во франција, Нигерија, Данска, Турција и во Мали.

“Властите мислат дека сеуште постојат можности да дојде до терористички напади од поединци кои се враќаат од Сирија и Ирак”, предупредува американската дипломатија алудирајќи на странските борци кои се враќаат во земјата од каде потекнува откако се бореле во редовите на џихадистичката организација.

“На екстремистите мета им се спортски настани, театри, отворени пазари или воздушни пристаништа”, се додава во соопштението, алудирајќи на нападите во Париз на 13 ноември и на рускиот авион кој беше срушен над Синај кон крајот на октомври.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top