Објавени номинациите за „Оскар“

„Ла ла ленд“ е номиниран во рекордни 14 категории, меѓу кои за најдобар филм

 |  инфодеск  | 

Американската академија за филмски уметности и науки вчера преку интернет ги објави номинациите за овогодишните номинации за „Оскар“, во трката за престижната награда се издвои мјузиклот „Ла ла ленд“ кој е номиниран во рекордни 14 категории, меѓу кои за најдобар филм, најдобра режија (Демијан Шазел) и за најдобри главни актери (Ема Стоун и Рајан Гослин), со што стана еден од трите филмови во историјата на „Оскар“ со толкав број номинации, останатите два се „Титаник“ и „Сè за Ева“. Од другите филмови ќе ги споменеме „Месечева светлина“ и „Пристигнување“ со 8 номинации, потоа „Манчестер покрај морето„, „Хексоу риџ“ и „Лав“ кои добија 6 номинации. Меѓу номинираните повторно е Мерил Стрип за улогата во „Флоренс Фостер Џекинс“, а ова е нејзина 20-та номинација.

Доделувањето на „Оскарите“ ќе се одржи на 26 февруари во Долби Театарот во Лос Анџелес, а водител ќе биде Џими Кимел.

Ова се номинациите во клучните категории:

Најдобар филм: „Ла ла ленд“, „Месечева светлина“, „Манчестер покрај морето“, „Пристигнување“, „Лав“, „Огради“, „Пекол или надојдена вода“, „Скриени фигури“ и „Хексоу риџ“.

Најдобар режисер: Демијан Шазел („Ла ла ленд“), Денис Вилнев („Пристигнување“), Бери Џенкинс („Месечева светлина“), Кенет Лоунерган („Манчестер покрај морето“) и Мел Гибсон („Хексоу риџ“).

Најдобар актер во главна улога: Кејси Афлек („Манчестер покрај морето“), Дензел Вашингтон („Огради“), Рајан Гослинг („Ла ла ленд“), Виго Мортенсен („Капетан Фантастик“) и Ендру Гарфилд („Хексоу риџ“).

Најдобра актерка во главна улога: Рут Нега („Лавинг“), Изабел Ипер („Таа“), Ема Стоун (за „Ла ла Ленд“), Натали Портман („Џеки“) и Мерил Стрип („Флоренс Фостер Џенкинс“).

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top