Во Samsung се незадоволни со работењето и состојбата на пазарот во минатата година кога забележаа голем пад на профитот, а можеби и губење на првото место на пазарот за паметни телефони. Како една од главните причини за проблемите во Samsung го истакнале недостатоткот за иновации, односно последните верзии на Galaxy кои освен поголем екран не донесоа никакви револуционерни промени што влијаеше на намалената побарувачка за нивните мобилни уреди. Иако официјалните бројки не се објавени, некои гласини велат дека Samsung продал дури 40% помалку Galaxy5 во однос на очекувањата од компанијата. Во Samsung велат дека ако не сакаат да ја доживеат судбината на Nokia, ќе мораат да тргнат со големи промени и иновации, а експертите сметаат дека тие промени ќе ја сменат комплетно целата мобилна индустрија.
Овие големи промени ќе започнат токму со моделот Galaxy S6 чие претставување се очекува на 1-ви март на конференцијата Mobile World Congress. Досега сме читале за новитетите кои би можел да ги донесе S6 – наместо Snapdragon ќе се испорачува со процесори на Samsung, ќе има метално куќиште и најголемата промена е закривениот екран, но на страницата на Cnet се објавени и првите фотографии на овие верзии на Galaxy S6. На фотографијата е прикажан класичниот модел на S6 Edge кој има закривен екран од двете страни. Од јужнокорејската компанија не сакаат да ги коментираат досегашните гласини, а спрема она што може да се прочита во последниот месец, новиот Galaxy е еден од најисчекуваните телефони оваа година и еден од најважните уреди кој Samsung го претставил во последните години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град