Со првиот ден од декември Mozzila објави нова верзија на својот популарен пребарувач со кој во исто време правосилен станува и договорот кои го потпишаа со Yahoo.
Имено, засега не секаде туку само на подрачјето на Северна Америка, сите кои ќе инсталираат Mozzila Firefox 34 или ќе направат надоградба на последната верзија, ќе добијат порака дали сакаат отсега наместо Google да го користат Yahoo како зададен пребарувачки сервис. На оние на кои Google им е сеуште најдобар секако дека ќе можат д го задржат како “дифолтен”.
Ова е секако само почеток кои со тек на време ќе се прошири на глобално користење на Mozzila Firefox web пребарувачот, кој во своето последно стабилно издание носи уште неколку новитети.
Со замената на Google со Yahoo пребарувачот, тука е и подобрен “search bar” кој на сите корисници им овозможува полесно и побрзо пребарување на популарните web страници како што се Twitter, Wikipedia, Amazon и слични, подобрена е и поддршката за измена и префрлување помеѓу темите во самиот Firefox, а експериментално е воведена Hello интегрирана chat апликација која овозможува видео и аудио повици без да отворите корисничка сметка на Mozzila серверите или било каде на друго место.
Со десктоп верзијата, Mozzila објави дека Firefox за Android е исто така достапен во верзијата 34.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град