Објавен е првиот извештај за падот на FlyDubai кај Ростов

Во извештајот се наведува дека авионот се обидувал да ја зголеми висината, но…

 |  инфодеск  | 

Рускиот комитет за цивилно воздухоплоство го објави денес својот прв извештај за минатомесечниот пад на авионот на FlyDubai на југозападот на Русија, во кој загинаа сите 62 патници и членови на екипажот.

Во извештајот на Комитетот се наведува дека до понирањето на авионот со носот надолу дошло додека пилотот при силен ветар се обидувал да ја зголеми висината по вториот обид за слетување, од кој морал да се откаже, пренесува агенцијата AP.

Меѓутоа, пилотот и копилотот, успеале само да го подигнат авионот, па така Боингот 737-800 удрил на земја под агол од 50 степени и со брзина од над 600 км на час.

Во извештајот се наведува и дека истрагата за несреќата, која се случи на 19 март, продолжува со помош на пилоти од Русија, САД и Обединети Арапски Емирати.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top