Барак Обама го навредил рускиот народ со изјавата дека Русија скапо ќе плати за својата политика, порачал потпретседателот на горниот дом на рускиот парламент Јуриј Воробјов.
Како што рекол на вонредната седница на Советот на Федерации, Обама на тој начин “ја преминал црвената линија”, пренесува Itar-tass.
Воробјов смета дека е неопходно да се повлече рускиот амбасадор од САД.
Претседателот на Одборот на Думата за евроазиски интеграции и врски со дијаспората, Леонид Слуцки рекол дека Русија секогаш се противела на формирањето на еднополарен светски поредок, но денес Западот пробува на секој начин да ја одвои Украина од Русија.
Обама минатата вечер рекол дека е многу загрижен за движењето на руската војска на територијата на Украина и ја предупреди Москва на последиците за евентуалното кршење на суверенитетот на Украина. Тој рекол дека Русија ќе плати цена во случај на било каква воена интервенција во Украина.
Претседателот на САД признал дека Русија има интереси и културолошки и економски со Украина, и воена база на Крим, но сепак истакнал: “Било какво кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина би било дестабилизирачко”.
Тој нагласил дека таквите потези на Москва би претставувале кршење на обврските на Русија да ги почитува границите на Украина и тоа ќе предизвика осуда од целиот свет.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град