Не криејќи го задоволството, си ги побарал своите два сандаци пиво од американскиот претседател Барак Обама, по победата на Канада над САД во хокеј на мраз. Канадскиот премиер Стефан Харпер напишал на Твитер – “Ги чекам своите сандаци пиво”, обраќајќи му се на американскиот претседател Барак Обама. Имено двајцата челници се обложиле по два сандаци пиво за натпреварите помеѓу женскиот и машкиот натпревар помеѓу Канада и САД.
Исто како и во 2010, Обама и Харпер се обложиле во победа на своите репрезентации, а Канада ги доби двата натпревари во Сочи, исто како и на минатите игри во Ванкувер.
САД сега и должат на Отава два сандаци пиво, еден за женската репрезентација која ја победи САД во финалето со 3-2, а другиот сандак за победата на машката репрезентација над САД во полуфиналето со 1-0.
“Каква штета”! извикал потпаролот на Белата куќа Џеј Керни по поразот во петокот. “Им честитаме на Канада”, додал потпаролот на американскиот претседател, и оценил дека Канаѓаните очигледно биле поспретни на мразот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град