Новиот мобилен на Microsoft без брендот Nokia

Цената прифатлива за сите пазари

 |  инфодеск  | 

Американскиот џин Microsoft објави дека овој месец ќе го лансира новиот мобилен телефон, Lumia 535 по прифатливи цени за сите пазари, но без брендот Nokia, само неколку месеци откако ја купи финската компанија.

Опремен со најновата верзија на оперативниот систем Windows 8.1, Lumia 535 и Lumia 535 dual SIM ќе имаат отприлика цена од 110 евра пред оданочување, се наведува во соопштението на Microsoft. Овој телефон ќе има на предната страна широкоаголна камера од 5 мегапиксели и 5 инчен qHD монитор.

Паметните телефони кои работат на Windows софтевери, воглавно Lumia, во второто тромесечие од минатата година на глобално ниво држеа 2,7% од пазарот, а само една година подоцна тој процент се искачи на 3,8%, наведуваат податоците од истражувачката Strategy Analitic.

Microsoft во февруари ја заврши аквизицијата на Nokia за 7,2 милијарди долари. Nokia продолжува да работи како самостојна технолошка компанија со три главни бизнис насоки. Станува збор за мрежна инфраструктура, развој на навигациски мапи и развој на технологија и патенти кои ќе се продаваат како такви или по пат на лиценци.

Од Microsoft тогаш објавија дека планираат да го лиценцираат брендот Nokia со ефтини мобилни телефони во период од 10 години, а ќе го користат името само некое ограничено време, не наведувајќи колкаво ќе биде тоа време.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top