бомбардирање

Нови воздушни напади на Мариупол

Продолжуваат воздушните напади на пристанишниот град на Црното Море, Мариупол, соопштуваат градските власти.
 |  инфодеск  | 

Воздушните напади врз Мариупол продолжуваат и понатаму, соопштија градските власти.

Хуманитарниот конвој се обидувал да стигне до градот, но поради бомбардирањето морал да се врати назад.

Градот е мета на жестоки борби. Вчера беше бомбардирана болница при што загинаа три лица, меѓу нив и едно дете, велат украинските власти.
Денеска во телевизиско обраќање претседателот на Украина Володимир Зеленски, рече дека е лажно тврдењето на Русија дека во болницата немало пациенти.

Како и секогаш, тие лажат самоуверено – рече тој.

Хуманитарните агенции велат дека најитно е потребна хуманитарна помош во Мариупол, каде 400 илјади луѓе се заробени повеќе од една недела без храна, вода и струја.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top