Новата облека може да биде отровна

Од 27 примероци на брендирана роба, кои Greenpeace ги пратил на анлиза, во 16 се пронајдени опасни хемикалии

 |  инфодеск  | 

Многу е важно пред носење новата облека да се испере, а тоа се однесува и на постелнината, пешкирите и се друго што доаѓа во допир со кожата, а може да се испере. Дерматолозите велат дека е уште подобро облеката да се испере два пати бидејќи многу е веројатно таа да содржи формалдехид. Производителите ја употребуваат оваа опасна хемикалија, која инаку се употребува и за чување на мртовци или делови од нивните тела, за да се спречи туткање на материјалот и појава на мувла.

Иако количината на формалдехидот не смее да преминува некои законски граници, на пазарот сепак се наоѓа облека во која дозволените количини се надминати. Појавата на оваа хемикалија не е резервирана само за евтините робни марки туку и за оние поскапите. Оваа хемикалија предизвикува појава на алергија, кожни болести, намалување на имунитетот, рак и слично, пишува Country Living.

Формалдехидот во дозволени количини има антибактериски својства па затоа има широка примена во дезинфекцијата, на пример, во фабричките погони, а наводно се употребува и во средсвата за дезинфекција на грлото и носот. Се користи за штавење кожа, во индустријата за хартија, во производството на бои, играчки и слично. Освен формалдехидот во облеката и останатите ткаенини има и други хемикалии кои се користат во текот на производството.

Организацијата Greenpeace минатата година направи анализа на детска облека и обувки од многу познати и скапи светски брендови. Земале 27 примероци и ги пратиле на анализа. Во 16 од нив пронајдени се опасни хемикалии, дури и отровни кои ја нарушуваат хормоналната рамнотежа во телото и предизвикуваат други здравствени проблеми. По нивните предупредувања некои производители почнале да ја редуцираат употребата на хемикалии, а повеќето од тие хемикалии се широко распространети во нашето опкружување, пишува Greenpeace.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top