Нова златна треска

Пораст на продажбата на лопати

 |  инфодеск  | 

Аматрески трагачи по злато ги пребаруваат пресушените корита на реките во подножјето на Сиера Невада која во средината на 19 век привлекувала на илјадници ловци на злато.

Најлошата суша во Калифорнија во последните стотина години предизвикала нова златна треска во Америка.

Аматери, авантуристи и фамилии ги пребаруваат и по неколку пати исушените реки кои долго време не беа достапни и тоа со истата технологија користена во времето на златната треска, рачно сеат песок со мрежа која ги задржува камењата.

Една од најголемите суши која ја погодија Калифорнија ги принуди локалните и сојузни власти да ја ограничат потрошувачката на вода за жителите. Ниското ниво во потоците и реките ги загрозува рибниот фонд и животинскиот свет.

Поради сушата после долго време се појавиле стари патишта, мостови, железнички шини и отфрлени автомобили. Сушата ги открила и остатоците од рударскиот град Мормон Ајленд од времето на златната треска кој е поплавен со изградба на брана во педесетите години на минатиот век.

Продавниците бележат раст и до 25% со побарувачката за лопати, канти, мрежи, гумени чизми, мапи и книги за барање злато.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top