Нова заразна игра на Facebook Messenger

Играта воопшто не е комплицирана, многу е забавна и заразна

 |  инфодеск  | 

По шахот сега на Messenger, за сите кои сакаат забава и скратување на времето, Facebook во својата апликација за праќање пораки има нова игра.

Станува збор за кошаркарска игра која можат да ја играат сите оние кои ја имаат инсталирано најновата верзија на Facebook Messenger. За почеток на играта доволно е на некој пријател да му се испрати (може и сам себеси) емотикон со кошаркарска топка и потоа само да се допре. Потоа апликацијата ќе се затвори и ќе прикаже кош и топка и играта може да започне.

Играта воопшто не е комплицирана, многу е забавна и заразна, а задачата е повеќе од едноставна – со влечење на прстот уфрлувате во кошот, а за секој погодок добивата среќен емотикон а за промашување тажен емотикон. За брзината и висината не треба да се грижите бидејќи доволно е да се погоди насоката и што повеќе кошеви.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top