Нова трагедија во Германија и страв од тероризам

Берлинската полиција настанот го потврдила на Твитер

 |  инфодеск  | 

Германската полиција јави дека на универзитетската клиника Бенџамин Френклин во округот Штеглиц во Берлин попладнево дошло до пукање и дека нападнатиот лекар е мртов.

Првичните информации во тамошните медиуми говореа дека е убиен на лице место меѓутоа некое време се наоѓал во критична состојба по што сепак им подлегнал на повредите.

Берлинската полиција настанот го потврдила на Твитер дека во лекарот пукал пациент кој потоа се самоубил.

На местото на злосторството се испратени антитерористички единици, а полицијата на Твитер јави дека ситуацијата е под контрола.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top