Ноќеска во 1.З5 часот земјотрес со магнитуда од 5,0 степени повторно ја погоди централна Италија, а епицентарот бил на околу 51,5 километри југоисточно од Перуѓа.
Потресот бил на длабочина од само 10 километри што допринесол на зголемено тресење на површината. Потрес со магнитуда од 5,0 степени се смета за умерен, но може да предизвика значителни оштетувања, особено на градбите со полош квалитет.
Земјотреси со магнитуда од 5,5 и 6,1 го погодија истото подрачје на 26 октомври, а во неделата беше измерено тресење од 6,6 степени. Засега не се познати размерите на штета кои ги предизвикал овој земјотрес.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град