Опасноста од поплави и понатаму останува на снага во Хрватска, бидејќи доаѓа нов бран од Словенија и прети на општините Јасеновац и Велика Горица.
Доаѓањето на бранот се очекува во вторник, сите служби се на терен, а помага и војската.
Во општините Јасеновац, Лекеник и Липовлјани е прогласена вонредна состојба за опасност од поплави, а евакуацијата е можна на жителите на Требеж, Плесмо, и Краљеви Велики.
Повеќе вода контролирано се испушта од браната Требеж.
Во делови на Чичка полјана водата се излеа преку патиштата и дворовите од куќите, но водостојот расте, вели извештајот од Велика Горица, пренесуваат хрватските медиуми.
Водениот бран од Сава се спушта кон Јасеновац и како што се очекува ќе се судри со Уна, па се очекува евакуација на жителите на тој дел од Хрватска.
Активноста на жителите и војската биле вообичаени и работеле на засилување на браните на подрачјето на Сисак.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град