Нов рекорд на Solar Impulse2

По сѐ изгледа ќе го прелета светот без ниту една капка гориво

 |  инфодеск  | 

Авантурата на авионот кој во потполност лета на соларен погон започна во март, а по првиот неуспешен обид во мај, пилотот Andre Borschberg ја исполни мисијата.
Solar Impulse2 е авион на кој летањето му го овозможуваат 17.000 соларни ќелии, кои поедноставно кажано, ја собираат и акумулираат сончевата енергија за летот да продолжи и во текот на ноќта. Можеби изгледа едноставно и лесно изведливо, но во реалноста тоа е навистина потфат вреден за восхитување, особено последната епизода во која Borschberg успеа во еден здив да го прелета Пацификот. Тој полета од Јапонија, конкретно од градот Нагоја, а пет дена подоцна слета во Каполеи на Хаваите и стана човек кој е сопственик на најдолгиот самостоен лет без застанување во историјата.
За растојанието од 8145 километри му биле потребни 118 часови, со што е срушен рекордот на нон-стоп летање кој изнесуваше 76 часа. Релацијата која успешно ја одработил Borschberg со Solar Impulse2 се обиде да ја помине во мај месец, но тогаш летот беше прекинат поради невреме. Ова, колку и да звучи импресивно, е само дел од патувањето околу светот кое започна во март месец оваа година.
По сѐ изгледа Solar Impulse2 ќе биде првиот авион кој ќе ја прелета планетата без ниту една капка гориво, а технолошката иновација и човечката издржливост од ден на ден ги рушат сите граници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top