Експертите од британската национална лабораторија за физика тврдат дека оваа технологија би можела да се најде во комерцијална употреба за три до пет години.
Систем кој наместо сателити за одредување на позицијта и насоката на движење ќе го користи магнетното поле на нашата планета и спрема нивните кажувања би бил попрецизен од актуелните уреди за навигација.
Експертите велат дека системот за глобално позиционирање (GPS) кој моментално се користи за навигација, е ранлив и подложен на надворешни влијанија, како што е на пример радијацијата која предизвикува промени на сончевата активност.
Освен за навигација во автомобилите, системот би се користел и во смартфон уредите, а посебно интересирање за оваа технологија покажале воените кругови во Британија, па така британското министерство за одбрана издвоило 270 милиони фунти за овој истражувачки програм.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град