Нов пад на цената на суровата нафта

Најмала цена на нафтата во последните четири години

 |  инфодеск  | 

Цената на суровата нафта денес падна на најниско ниво во последните четири години на пазарот во Лондон пред министерскиот состанок на членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC).

Барел сурова нафта за испорака во февруари чини 76,49 долари, а барел “brent” нафта чини 78,76 долари.Цените паѓаат под влијание на шпекулациите дека OPEC на денешниот состанок во Виена нема да донесе одлука за намалување на производството, пренесува TASS.

Светските цени на нафтата се намалени за скоро 30% во последните шест месеци. Играчите на пазарот претпоставуваат дека барел нафта би можел да падне на 60 долари доколку членките на OPEC не постигнат договор за намалување на производството.

OPEC последен пат го намалил производството во 2008 година, кога барелот поевтини од 140 на 32 долари.

Некои членки на овој картел, како што е Иран, Ирак, Нигерија, Венецуела и Еквадор се залагаат за намалување на производствените квоти што е можно побрзо, а Обединетите Арапски Емирати и Кувајт се против тоа, додека Саудиска Арабија, која е највлијателен член, има нејасен став околу ова.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top