Видео: Нов хит на повидок – паметна облека

Техологијата прави сѐ повеќе паметни нешта

 |  инфодеск  | 

 

По смартфоните, големите технолошки компании претставија паметни телевизори и фрижидери, а веќе се најавува следна категорија која ќе привлече десетици милиони корисници, а тоа се паметните часовници. Досегашните модели не привлекоа голем број на корисници но се очекува дека овој пазар ќе го разбуди Apple со продажбата на нивниот Apple Watch кој беше претставен ова година. Сепак, сѐ повеќе аналитичари веруваат дека следниот хит меѓу корисниците ќе биде паметната облека, која веќе ја тестираат некои спортисти, а се очекува во 2016 година масовна продажба на ваква облека која ќе ги следи отчукувањата на срцето, притисокот, дишењето на корисникот и слично.

Еден ваков пример на паметна облека е паметната маичка која беше претставена на овогодишниот УС Опен која ги мери отчукувањата на срцето и дишењето и по пат на Блутут е поврзана со паметен телефон на кој се прикажуваат резултатите на тие мерења. Angela Mclntyre од Gartner им објаснила на новинарите од The Guardian дека оваа маичка има многу повеќе сензори и се поблизу до кожата и на тој начин собира повеќе информации во однос на паметните часовници или нараквици. Првите паметни маички досега ги развивале само спортските компании и биле наменети само за спортистите, но во последно време на развојот на ваква облека работат и компании кои не се специјализирани за спорт и ќе бидат наменети за многу поголем број корисници. Аналитичарите предвидуваат дека следната година ќе бидат испорачани околу 68 милиони носечки фитнес уреди (фитнес нараквици, паметни часовници, паметна облека), додека таа бројка во 2016 година ќе се зголеми на 90 милиони, најмногу по заслуга на паметните маички и друга облека.

Со оглед дека овие уреди собираат здравствени податоци за корисниците, а смарт телефоните ги обработуваат тие податоци, можат да укажат на потенцијални проблеми или во некое идно време сами да го известуваат докторот за нив, така што оваа облека, би можела да влијае на подобрување на здравствената состојба на корисникот кој на време ќе може да дознае и да реагира на проблемите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top