noPhone со облик на iPhone

Новиот noPhone чини само 12 долари

 |  инфодеск  | 

На платформата kickstarter за собирање пари за финансирање на проекти, корисниците претставија бројни различни кампањи – од паметен часовник па сѐ до компир салата. Иако на почетокот многумина му се смееле на Danger Brown кој ја постави компир салатата на Kickstarter, тој на крајот заработи повеќе од 55.000 долари и докажа дека на интернет може да се заработи од едноставни работи како што е компир салатата.

Неодамна на Kickstarter се појави уште еден проект, кој на Business Insider го нарекоја уште една шега – noPhone. На Kickstarter овој уред е опишан како алтернативен уред кој е ослободен од технологија и на корисниците им овозможува констатен контакт на раката со телефонот.

Делот во кој пишува дека уредот е ослободен од технологија значи токму тоа – бидејќи noPhone е најобично парче пластика во облик на iPhone кој нема екран, процесор и батерија и со него не можете да телефонирате, ниту да сурфате на интернет. За разлика од iPhone кој на корисниците им овозможува да бидат во контакт со дигиталниот свет, noPhone им овозможува да бидат во контакт со реалниот свет, а вака е опишан овој проект на Kickstarter.

Цената на noPhone е 12 долари, а за шест долари може да се нарача selfie верзија која доаѓа со рефлективна етикета која служи како огледало. Екипата која стои зад noPhone, за идејата дошла откако провеле некоја вечер во бар и воопшто не се дружеле туку биле преокупирани со своите смарт телефони, и напоменуваат дека ова воопшто не е шега. Како предност во однос на другите телефони напоменуваат дека noPhone сигурно нема да се витка како iPhone, не е заклучен на мрежата на операторите и неговите корисници не мораат да се грижат дека хакерите ќе ги украдат нивните фотографии од него.

Во описот на ова парче пластика на Kickstarter се предупредува на големата зависност од смарт телефоните кој ги уништува состаноците, пречи на концертите, во кината и театрите, но сега постои решение и за таа зависност – noPhone. Иако овој проект предизвикал големо внимание на корисниците и медиумите, досега финансиски го поддржале помалку од 500 луѓе и од планираните 30.000 долари, досега се собрани помалку од 9.000 долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top