Мерењата во опсерваторијата Мауна Лоа на Хаваите покажале пораст на нивото на СО2 , а научниците тврдат дека тоа е резултат на комбинација од човечки активности и временскиот феномен Ел Нињо. Тие, исто така, истакнуваат дека најновите податоци го зголемуваат притисокот врз светските лидери во потпишувањето на ратификуваниот климатски договор од Париз, пренесува BBC.
Мауна Лоа е најстара светска станица за атмосферски мерења кои датира од 50-те години на 20 век. Таа се третира како една од најважните опсерваториски станици на глобално ниво.
Научниците веруваат дека Ел Нињо донесол суши во многу тропски краеви во 2015 година и предизвикал бројни шумски пожари во делови на Индонезија и на други места што придонело за испумпување големи количини на СО2 во атмосферата.
“Влијанието на Ел Нињо за концентрација на СО2 е природен феномен и релативно кратковечен. Најголем долгорочен предизвикувач на штетни гасови е сепак човекот. Одговорноста за намалување на ова влијане е сепак на нас”, тврди Петери Талас од Светската метеоролошка организација WMO.
“Ова би требало да послужи како повик на будење на сите влади дека треба да го потпишат Парискиот климатски договор и да превземат итни мерки во намалувањето на емисија на СО2 за да се намали порастот на глобалните температури под просечното ниво од два степени”, заклучил Талас.
“Нивото на јаглен диоксид расте побрзо отколку во претходните стотици илјади години. Во споредба со природниот процес, ова е експлозивно”, смета Питер Танс, водечки научник во американската национална агенција за океани и атмосфера.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град