Градоначалникот на Будва, Лазар Раѓеновиќ, извршниот директор на компанијата Aquaterra Solutions, Денис Иполитов и членот на Управата Сахрет Ајдарпашиќ положија камен темелник и со тоа ја означија изградбата на најголемиот забавен воден парк на Јадранот, на брдото Топлиш над Будва, пишува црногорскиот весник Vijesti.
Првата фаза на водениот парк ќе биде завршена до 15 јули. Компанијата Aquaterra Solutions кон крајот на 2014 година склучи договор со општина Будва за закуп на 41.889 квадратни метри земјиште на 30 години, со годишно плаќање од 240.000 евра. Компанијата исто така купи опрема за водени паркови во вредност од два милиони евра, која е во складиштето на пристаништето во Бар.
“Во разработката се водевме по светските стандарди и на површината од 42.000 квадратни метри воден парк меѓудругото ќе бидат сместени тобогани за деца и тинејџери, таканаречените мрзлива река и базен со бранови. Со опремата која чека во пристаништето во Бар која ја купивме од комапниајта Polin, која е најпозната во светот по производство на опрема за водени паркови, тука се и додатни 800.000 евра потребни за првата фаза на изградбата. Од септември ќе започне втората фаза и ќе биде завршена до декември, а предвидено е да се отворат 88 работи места во сезона”, рекол Хајдарпашиќ.
Будва во следните 30 години само од закуп ќе инкасира приход од 17 милиони евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град