NIKE најави патики на иднината

Многумина ги поврзуваат како оние во филмот Враќање во иднината

 |  инфодеск  | 

Компанијата Nike конечно најави продажба на патики кои сами се врзуваат, токму како оние кои ги носеше Мајкл Џ. Фокс во филмот Враќање во иднината 2.

Nike HyperAdapt 1.0 ќе бидат достапни кон крајот на ноември оваа година, но во прво време само во одбрани продавници во САД. Цената засега не е позната, но се претпоставува дека ќе биде многу висока.

Секоја од патиките има посебен внатрешен систем на жици и сензори на притисок во долниот дел на патиката. Кога ќе се постави ногата во патиката, жиците се затегнуваат врз основа на проценката на алгоритамската равенка на делувањето на силите на површината. Но, освен сензори ќе има и копче со кое ќе можат да се стегнат или отпуштат врвките.

Лед сијаличките во ѓоновите се вклучуваат за време на врзувањето како и кога се слаби батериите. Овие патики, како и сите останати електронски уреди, поседуваат батерии кои ќе мора да се полнат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top