Неверојатно, но некои пророштва се обистинија

Дали верувате или не во пророштва, но овие се отствариле

 |  инфодеск  | 

Тешко е да се каже дека станува збор за случајност, но славниот Нострадамус навистина предвидел неколку настани во својата книга “Пророштва”. Таа книга прв пат е објавена во 1555 година.

Ова се некои од пророштвата кои се обистиниле:

Големиот пожар во Лондон – “Крвта на праведникот ќе биде побарана од Лондон, запален во пожар во година 66”. Големиот пожар во Лондон навистина се случил и тоа во 1966 година. Огнот го уништил средовековниот град, а се проценува дека се изгорени 70.000 домови.

Француската револуција – “поробениот народ со песни, повикување и барања ќе ги држат принцезите и господата заробени. Во иднина такви безглави идиоти ќе се сметаат за божја волја. Пред да дојде војната, ќе падне големиот ѕид, кралот ќе биде погубен, неговата смрт ќе дојде пребрзо и поради тоа ќе се жали. Чуварите ќе пливаат во крв, а покрај Сена земјата ќе биде крвава”. Француската револуција во 1789 година навистина била крвава во борбите против аристократите и кралската фамилија, кои биле одведени на гилотина, а Бастиља, централната тврдина, била демолирана а кралот Луј 16 е погубен во 1793 година.

Хитлер – “Од длабочините на западна Европа младо дете ќе се роди од сиромашни родители и со својот јазик ќе заведе маси, неговата слава ќе расте кон исток”. Многумина ова го толкуваат дека се работи за успонот на Хитлер непосредно пред Втората светска војна.

Шпанските конквистадори во Мексико – Моќта на пророштвото секако одела на рака на конквистадорот Ернан Кортес, кога е пратен да го освои Мексико во 1519 година. Неговото доаѓање се поклопило со годината во мајанскиот календар каде човекот-бог Кецалкоатл требало да се врати на Земјата и да го превземе градот Теночтитлан. Древните Астеки верувале дека Кортес е таа легендарна фигура која се прикажува во нивните артефакти како пола човек пола змија. Затоа Кортес без проблеми успеал да го освои цело Мексико.

Убиството на Линколн – По убиството на Абрахам Линколн, неговиот пријател, Ворд Хил Лејмон напишал биографија за тој американски претседател, во кој се присеќа на пророштвото на Линколн кој го имал три дена пред смртта. Спрема зборовите на Линколн: “Слушнав лелеци, како многу луѓе да плачат. Мислам дека станав од креветот и слегов во приземјето. Тишината го прекинуваше тоа тажно лелекање, но ожалостените беа невидливи. Одлучен за да го најдам тоа мистериозно лелекање, појдов во источната соба и влегов таму. Тука се сретнав со мачно изненадување. Пред мене стоеше одар на кој имаше мртво тело прекриено во погребна облека, а околу него стоеја војници. Прашав еден од војниците “кој е мртов во Белата куќа?” Војникот одговорил “претседателот”. Потоа масата луѓе заплака силно, што ме пробуди од сонот”.

Убиството на Кенеди – Утрото на 22 ноември во 1963 година, Џеки Кенеди била многу вознемирена кога видела цела една страница на DallasMorningNews прекриена со црна боја што личела на смртовница. Кенеди се обидел да ја утеши со зборовите: “Денес одиме во земјата на лудаците. Но, Џеки, ако некој сака да пука на мене од пушка преку некој прозорец, тоа не може никој да го спречи, тогаш да не се грижиме околу тоа”. Истиот ден неговото пророштво се отствари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top