Нетрпеливоста расте

Закажани протести за Април

 |  инфодеск  | 

Бранот немири кои последните неколку дена ја зафати БиХ би можел да се прошири и на Црна Гора. И на тамошните социјални мрежи се отворени неколку страници и групи во кои се договара 15-ти април во 13.00 часот како време за излегување на протести пред државниот парламент на незадоволни граѓани.

Како што пренесе подгоричкиот „Dnevne novine”, фејсбук страницата „revolucija u Crnoj Gori” за само два дена собрала преку 1100 корисници, додека страницата „svi na ulice” собрала преку 23000 корисници. Постојат и страниците „otpor diktatorskom rezimu” со 4000 корисници а половина од неа има страницата „protesti”. Сите овие трвдат дека само со радикални мерки може да дојде до подобрување на севкупната состојба во Црна Гора.

„Протест против арамиската власт, корупција и немаштија во Црна Гора. Молчиме и трпиме 20 години. Чекаме некој наместо нас нешто да смени. Ова ќе биде протест без лидери и политичари, без бини и говори. Ова ќе е протест на искрадените и обесправените“, e пораката која кружи по социјалните мрежи.

Политичарите се поделени во оценката на овие најави. Дритан Абазовиќ, пратеник од Позитивна Црна Гора, оценува дека стандардот на граѓаните на Црна Гора и поповолен од оние во БиХ, но дека има и многу простор за протести против корупцијата, криминалот и спорната приватизација.

Сандра Обрадовиќ од независното здружение на сојузот на самостални синдикати на Црна Гора смета дека „без здрави протести нема ни напредок“, додека нејзиниот колега од сојузот на синдикати не верува дека случувањата од БиХ можат да запретат и во Црна Гора „ без оглед што и овде економската состојба е незавидна“.

Политичкиот аналитичар Срѓан Вукадиновиќ вели дека граѓаните на Црна Гора во последните неколку години можеа да видат дека протестите не променија многу и по негова проценка нема ни во БиХ да променат. Најновите кадровски промени кои таму се случија не се потврда дека ќе е подобро, истакнува Вукадиновиќ коментирајќи ги оставките на Босанските политичари, и додава дека единствен легитимен начин на такви промени е слободното изразување на граѓаните на слободни избори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top