Рускиот авиопревозник вели дека е невозможно да се работи за техничка или пилотска грешка што предизвикало преполовување на авионот, јавува Sky News.
Портпаролката на Kogalymavia, компанијата која раководи со летот на Metrojet рекла дека само “некаков удар” можел да предизвика авионот да започне да се распаѓа за време на прелетот над Египет.
Екипажот на авионот не јавил за никакви проблеми за време на 23 минутниот лет пред да исчезне од радарите. Во несреќата загинаа 244 лица.
Фамилиите на жртвите во Египет ќе започнат со идентификација на своите блиски во понеделник во Санкт Петерсбург по доаѓањето на првиот авион со посмртните останки на 140 лица, додека сеуште е непознаница причината за трагедијата.
Во неделата рускиот претседател, Владимир Путин, прогласи ден на национална жалост во Русија, но не се појавил во јавност од моментот на несреќата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град