Непал: пронајдени остатоците од исчезнатиот авион

Авионот со 23 патници, кој исчезна утрово , е пронајден и нема преживеани

 |  инфодеск  | 

Авионот, двомоторец, од типот “oter” на непалската компанија Tara Air утрово исчезна набрзо по полетувањето од градот Покхар, 125 километри западно од Катманду. За време на летот кој требало да трае 18 минути до градот Јомсом, видливоста била многу лоша. Во авионот имало двајца странци од Кина и Кувајт, а останатите патници се од Непал, меѓу кои имало и две деца.

Официјални лица на Непал соопштија дека остатоците на авионот се пронајдени и дека во него се наоѓале 23 лица и дека нема преживеани.

“Пронајдени се остатоците од авионот кој потполно изгорел”, изјавил за AFP министерот за авијација, наведувајќи дека телата се наоѓаат околу трупот на авионот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top