Имено, доколку не сакале повеќе да работат во познатата компанија Амазон, сопственикот Џеф Безос, на вработените им понудил по 5000 долари ако дадат отказ.
Безос таа своја идеја ја претставил и пред акционерите на Амазон.
Станува збор за програма со која Безос на некој начин сака да ги мотивира сите оние работници кои во својата работа не гледаат повеќе смисол, и да останат во неговата компанија само оние кои навистина сакаат да го работат она што го работат.
Програмата под име „Pay to quit” е многу едноставна, сите оние кои сакаат да поднесат отказ компанијата ќе им плати по 5000 долари.
Меѓутоа, се чини дека неговата понуда има и психолошки ефект, а и самиот Безос признава дека такви работници ќе нема многу.
„Целта е да ги натерам луѓето за момент да помислат за тоа што навистина сакаат во животот Ако некој од нив го работи тоа што не го сака, тоа долгорочни не е добро за компанијата“, додава Безос.
Амазон еднаш годишно на сите работници ќе им дава можност за избор на одење или останување во компанијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град