Некогаш гордост на словенечкото стопанство, а сега на јавно наддавање

Фабриката од Сладки Врх со традиција од 140 години пред стечај

 |  инфодеск  | 

Словенечкиот државен холдинг SDH кој управува со портфолиото на државниот имот, објави дека обидите за приватизација на фабриката Paloma низ докапитализација продолжуваат со јавно наддавање, откако полскиот фонд Abris Capital поради доцнење во реализацијата на договорот се откажа од вложување во таа компанија која е во доминантна државна сопственост.

Фабриката за тоалетна хартија од Сладки Врх, во близина на Марибор, е со традиција од 140 години, има 700 вработени и се наоѓа во предстечајна постапка поради застарена опрема и висок долг спрема банките, па затоа се потребни свежи средства.

По откажувањето на полскиот инвеститор, SDH објави дека нов инвеститор за купување на државните акции ќе оди по пат на јавно наддавање. На тоа се противат малите акционери кои тврдат дека понудата на Abris Capital била полоша од онаа на словачкиот Eco Invest и дека сега е најважно да се одржат работните места и производството на сегашната локација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top