Недостиг на кафе и какао

Рекордни цени на кафето и какаото

 |  инфодеск  | 

Цената на кафето и какаото оваа недела достигнале најголемо ниво во изминатите две години поради страв од намалена понуда, додека шеќерот пак во исто време поефтинил.

На лондонската берза минатата седмица, кафето вредело 2.218 долари по тон, што е најмногу во последната година и пол, додека пак на берзата во Њујорк достигнала рекордна вредност во последните две години од 209,75 центи по фунта, пренесува АР.

Загриженоста поради недостаток на понуда од бразилското кафе довела до раст на цената на “арабика” за околу 80% од крајот на јануари 2014 година.

Сушата од почетокот на годината ги зафатила регионите под кафе во Бразил, најголемиот производител на кафе во светот. Ваква суша не се памети во Бразил од 1950 година. Екстремните временски услови го загрозија производсвото на кафе и во Виетнам, најголемиот светски извозник на зрно кафе “robusta”, кое се користи за добивање на инстант кафето.

Спрема проценките на меѓународната организација за кафе (ICO) светскиот пазар ќе се соочи со недостиг на кафе во сезоната 2014/15.

Цената на какаото оваа недела, исто така, се зголеми после неколку недели стагнација, достигнувајќи го најголемото ниво во последните две години на лондонската и њујоршката берза. Тон какао на лондонската берза била 1.888 фунти а на њујоршката 3.027 долари.

Недоволната понуда на какао ќе се чувствува до сезоната 2018/19.

Недостатокот на какао е последица на необновување на засадите со таа култура на плантажите на најголемите производители, Гана и Брегот на слоновата коска.

Цената пак на шеќерот на светските пазари оваа недела паѓаше поради подобрување на климатските услови каде се одгледува шеќерот во Бразил, најголемиот производител и извозник во светот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top