НАТО ќе мора трајно да распореди трупи на исток од Европа, поради зголемената напнатост помеѓу Русија и Украина, рекол во вторникот во Отава, воениот командант на сојузот.
НАТО договорил одреден број на краткорочни ротации на луѓе и опрема во источна Европа, но тоа завршува кон крајот на 2014 година.
Запрашан дали НАТО планира трајно распоредување на воени сили во источна Европа, генералот Филип Бредлав рекол на конференција за печат: “ Мислам дека нешто ќе мора да се испланира и тоа ќе го предложиме на раководствата на нашите држави и ќе видиме каде тоа ќе води”.
Тој, ден порано, проценил дека руските воени сили нема да влезат во источна Украина бидејќи Москва своите цели може да ги отствари со помош на други средства, како што се предизвикување немири и подршка на сепаратистичките сили во источна Украина.
Русија распоредува големи сили на границата со Украина па се појавија сомнежи дека би можела да прати копнени сили во соседната земја за да ги заштити правата на рускофонските жители.
Бредлав рекол дека е важно да се истакне дека сите мерки што ги превзема НАТО не се со цел да ја провоцира Русија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град