НАТО денес одлучи да учествува во поморската операција во Егејското море за да помогне во решавање на бегалската криза, рекол во Брисел американскиот министер за одбрана Ештон Картер по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО.
НАТО со оваа одлука одговори на барањето на Германија, Турција и Грција кои побараа сојузот да помогне во надзорот на морската граница помеѓу Грција и Турција и во борбата против криумчарите кои по тој пат илегално ги пренесуваат бегалците од Турција во Грција.
“НАТО и нејзините членки се сложиле денес дека ќе ја поддржат и ќе учествуваат во таа операција”, рекол Картер по состанокот на министрите за одбрана на НАТО.
Тоа го потврдила и германската министерка за одбрана Урсула вон дер Лејен.
Германија, Турција и Грција во своите барања навеле дека таа операција би требала да овозможи подобар увид во активностите на криумчарите со луѓе, кои се добро поврзани и заработуваат вртоглави суми на пари на несреќата на луѓето кои бегаат од војната.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град