НАТО фрлил 10т. осиромашен ураниум

ОН го прикриле извештајот

 |  инфодеск  | 

Порталот Gazetaexpress пишува дека Обединетите нации го прикриле извештајот на шефот на мисијата за просторна програма на ОН, по кој НАТО на Косово има фрлено 10 тони осиромашен ураниум.

Во извештајот на Бакари Канте се наведува дека бомбардирањето се случило за време на жетва, а осиромашениот ураниум влијаел на квалитетот на воздухот, водата и земјата, што резултирало со последици на комплетниот ланец на исхрана. Како последица на тоа идните генерации се изложени на зголемен број на оболени од рак, леукемија, абортуси, деформации на новороденчиња, пишува „Exspress”.

Овој извештај на Бакари Канте никогаш не е јавно објавен. Делови од овој извештај сепак дошле до јавноста благодарение на американскиот новинар Роберт Парсон.

Тој преку свои извори во ОН успеал да го добие извештајот на Канте и го објавил во јуни 1999 година во швајцарскиот дневник „Le Curier”, со наслов „Алармантен прикриен извештај за бомбардирање на Југославија“, пишува понатаму „Express”.

Во текстот се наведува и дека извештаите за последиците од употреба на оружјето со осиромашен ураниум биле критикувани и на крајот променети во канцелариите на ОН, пренесува понатаму „Exspress”.

Меѓутоа, извештајот бил категоричен во оценката дека идните генерации кои ќе живеат на овие простори ќе боледуваат од рак, леукемија и дека бројот на новороденчиња со деформитети ќе порасне.

Извештајот на Канте кажува и дека „природата е контаминирана со опасни супстанци, меѓу кои е најопасен РСВ, изузетно канцероген и одговорен за имунолошки заболувања“. Извештајот вели дека еден литар PCB е доволен за да контаминира една милијарда галони вода.

Да потсетиме дека под огромен јавен притисок Американците признале дека муницијата била полнета со „валкан“ ураниум кој е најопасен за луѓе и амбиентот, заклучува „Express”.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top