Дали наскоро ќе се плаќа читање на статии на Facebook?

Факт е дека Facebook може без проблем да ги замени веб порталите

 |  инфодеск  | 

Светот на медиумите се смени откако Facebook стана моќна алатка за дистрибуција на содржини, а нивниот Instant Articles е само чекор подлабоко во дисрупцијата на медиумите какви што ги знаеме денес. Пред пет години тешко беше да се предвиди дека нешто вакво ќе се случува, но иднината на интернетот секогаш е непредвидлива.

Факт е дека Facebook може без проблем да ги замени web порталите, а со тоа се сложува и Om Malik, соосновач на OM порталот и еден од пионерите кога зборуваме за медиумите кој пишуваат за технологија. Се повеќе сме сведоци дека токму видео снимките на моќните портали прво се објавуваат на Facebook што од друга страна повторно се нарушува балансот на медиумите какви што ги знаеме.

Instant Articles е само чекор понапред кон дистрибуција на содржини со што повторно се задржува корисникот на својата платформа со бенефит статиите да се читаат осум пати побрзо отколку линкот да ги води до страницата.

Имено, Facebook спроведува анкета во која се поставува прашање до корисниците поврзано со примање донации, било да се работи за заработка или проследување на пари во хуманитарни цели. Се алудира, исто така, на останатите начини на заработка, вклучувајќи брендирани содржини и поделба на заработката преку огласувањата во постовите со Facebook.

За да биде целата работа интересна, некои други платформи како што се медиумите веќе им нудат на издавачите монетизација на своите содржини низ спонзорирани содржини и месечни претплати, па се поставува прашањето дали Facebook ќе тргне по овој пат. Дали ќе започне плаќање на издавачите за содржините? Дали издавачите конечно нашле решение како ќе заработуваат?

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top