Авиокомпанијата Norwegian Air Shuttle ASA најави дека во својата понуда наскоро ќе воведе директни летови од САД кон Европа за само 69 американски долари.
Спрема најавите на директорот на компанијата, Bjorn Kjos тоа би требало да се случи до 2017 година, а како што изјавил за Reuters, летовите по такви цени ќе бидат возможни ако авионите полетуваат од аеродроми кои имаат ниски побарувања. Како пример ги наведе Weastchester County Airport и Bradly International Airport кои се наоѓаат помеѓу Бостон и Њујорк.
Норвешката компанија не е единствена која на пазарот излегува со ниски прекуокенаски билети. Исландскиот Wow Air неодамна почна да нуди билети во еден правец Бостон-Париз за 99 долари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град