Научниците веруваат дека влажноста на земјиштето ги поврзува сите земјини еколошки и биолошки системи. Податоците кои ќе се добиваат од новиот сателит ќе им овозможи на метеоролозите да пронајдат поефикасни начини за борба против сушите и поплавите ширум светот.
Глобалната влажност на земјиштето изнесува помалку од 1% од резервите на вода на Земјата. Остатокот се наоѓа во ледниците и океаните, вели Дара Ентекабл од технолошкиот институт во Масачусетс која работела на овој проект.
До денес, научниците се потпираа на компјутерски симулации за да ја проценат влажноста на земјиштето. Сателитот SMAP во иднина ќе користи два микробранови инструменти за да ја мери влажноста, а новите податоци ќе се собираат на секои три дена. Тие ќе бидат од клучно значење за проценката и управувањето со водените ресурси.
SMAP ќе се придружи на групата од 19 сателити кои ја проучуваат водата, земјата и атмосферата на нашата планета. Американската вселенска агенција ќе ја чини вкупно 916 милиони долари за време на тригодишната мисија, а во таа сума е пресметано и лансирањето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град