Нарачките за Apple Watch ги надминаа сите очекувања

Роден е новиот “хит-гаџет”

 |  инфодеск  | 

Многумина можат да мислат што сакаат за тоа дали Apple Watch е само помодарска играчка или нешто што навистина  е потребно, но конкретните одговори за успешноста на еден производ ги дава само пазарот…

А спрема пазарните проценки и предвидувања, иако ниедна бројка сеуште не е официјално потврдена, Apple со својот паметен часовник осигура уште една позиција на лидер на пазарот. Имено, спрема бројките кои ги изнесува Ming-Chi Kuo, лице кое во професионалните кругови фигурира како оној што знае што пишува, говори и објавува, преднарачките за Apple Watch надминале 2,3 милиони! Уште некои портали кои се занимаваат исклучително со производи на Apple ги понудија истите бројки, со додаток дека само во Америка се нарачани 1,2 милиони парчиња, но од Apple досега никој тоа не го потврдил, ниту ги демантирал овие цифри.

Во споредба со остатокот на играчи во овој сегмент на IT индустријата и паметни уреди, Pebble до февруари оваа година продал нешто повеќе од еден милион уреди (од 2013 година), Android Wear е продаден во 720.000 парчиња, додека останатите производители немаат релевантни бројки.

Ако е ова вистина, Apple веќе сега со својот паметен часовник го завзеде неприкосновено лидерското место, кое судејќи според сѐ тоа и ќе го задржи многу долг период.

Со овие инпресивни бројки, објавено е и дека Apple има за цел да произведува два до три милиони Apple Watch месечно, што е доволен доказ дека во компанијата очекуваат пазарен бум.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top