Направена е ДНК на сопругата на Хитлер

ДНК на Ева Браун би го шокирала Хитлер

 |  инфодеск  | 

За снимање на документарен филм кој ќе се емитува на британскиот Channel 4, направена е ДНК анализа на сопругата на Адолф Хитлер која би можела да покаже дека Ева Браун има еврејско потекло.

Оваа теза се заснова на анализата земена од четката за коса од резиденцијата на Хитлер во Бергдорф, каде Ева Браун поминувала најмногу време за време на Втората светска војна.

Експертите во анализираниот примерок нашле специфична секвенца на ДНК поврзана со Ашкеназите кои сочинуваат 80% од еврејската популација во светот.

Авторите на документарниот филм тврдат дека све укажува на тоа дека анализираниот примерок е коса од Ева Браун, но се истакнува и дека единствен начин на проверка е да се споредат ДНК со живите блиски роднини на сопругата од Хитлер.

Меѓутоа никој од нив не сакал да се тестира.

Ева Браун, била долгогодишна љубовница на Хитлер. Се венчале на 29 април 1945 година, ден пред да се самоубијат во бункерот во Берлин.

Во Германија во 19 век голем број на Евреи Ашкенази преминале во католици.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top