Напнатост на Крим

Руски оклопни возила на улиците

 |  инфодеск  | 

И денес во самиот центар на Севастопол се собрале околу петстотини проруски протестанти а пред руската воена база и две оклопни возила.

Привремениот претседател на Украина, Александар Турчинов свикал вонредна седница на советот за национална сигурност, поради опасноста од сепаратизмот во Севастопол, но на тоа одговорот бил, оклопни возила на улиците на тој црноморски град.

Протестантите кои се собрале на улиците, повторно со извици за подршка на Алексеј Чалиј, кој ден порано беше поставен за нов градоначалник, пишува Guardian. Чалиј е инсталиран по протестите на кои илјадници граѓани поради случувањата во Киев, побарале сами да одлучуваат за својата судбина.

Стравот за ширење на сепаратизмот на Крим, каде 60% од жителите се Руси, е оправдан затоа што токму овој регион може да биде искористен за поврзување со Москва и со бараната автономија. Локалните медиуми известиле дека на вчерашните протести на улиците били резместени полициски патроли, а началникот на полицијата Александар Гончаров рекол дека ќе ги одбие „криминалните наредби“ од Киев.

Советникот на министерот за внатрешни работи Виктор Неганов, чија канцеларија се наоѓа во Севастопол, ги осуди последните случувања во градот. Ги нарече „државен удар“. Да потсетиме дека се претпоставува дека екс претседателот Јанукович, кој е обвинет за масовни убиства, се крие некаде во Севастопол каде ужива руска поддршка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top