Најтопол февруари откако се мери температура на планетата

Просечната температура била за 1,04 степени повисока од просекот

 |  инфодеск  | 

Февруари 2016 е најтоплиот прв месец од годината забележан на планетата од почетокот на мерењата на температури од крајот на 19 век, објавила денес Американската океанска и атмосферска агенција.

Просечната температура на површината на океанот и копното во светот била за 1,04 степени повисока од просечните температури во 20 век, со што февруари стана најтоплиот прв месец од 1880 година наваму, надминувајќи го претходниот рекорд од 2007 година за 0,16 степени целзиусови, прецизира NOOA.

Воедно 2015 година во целина беше далеку најтопла која некогаш е забележано, објави агенцијата минатиот месец.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top