Најсреќниот баксуз на светот

Неговата приказна ја снимале Discovery и BBC

 |  инфодеск  | 

Станува збор за најголем баксуз или најголем среќник? Животната приказна на Фрањо Селак од Хрватска се прераскажува ширум Европа.

Фрањо е 85 годишен наставник по музика, во пензија, и живее во Петриње. Неговата приказна ја снимиле Discovery, BBC, но судејќи според хрватските медиуми тој воопшто не е инпресиониран за пишувањето на медиумите за него.

Приказната на овој човек започнува во далечната 1962 година, кога патувал со воз од Дубровник за Сараево, кој излетал од шините и завршил во ледената река. Додека многу патници се удавиле или го изгубиле животот од повредите од падот на возот, Фрањо со повредено рамо допливал до брегот и се спасил.

Ова е само почеток на се што ќе му се случува во следните 40 години од животот.

Една година подоцна бил во авионот кој летал за Риека. На авионот му откажале двата мотора, притисокот во кабината паднал, вратата од авионот се откорнала и отпаднала а низ неа излетал Фрањо и тоа без падобран. И додека авионот со 19 патници, кои останале внатре, се удрил во брдо и изгорел, Фрањо безбедно паднал на пласт сено и поминал со мали повреди.

Само две години подоцна, Фрањо патувал со автобус. Возачот на автобусот изгубил контрола над воланот поради замрзнат пат, ја пробил оградата и завршил во долината. Четири патници загинале, но Фрањо повторно преживеал.

По вакви искуства со јавниот превоз, Фрањо почнал да користи свој автомобил но и тоа не му го намалило баксузлакот кој го следел.

Во 1970 година автомобилот му се запалил а Фрањо успеал да излезе додека автомобилот се движел, и се спасил.

Три години подоцна, нов автомобил а стар малер. Овој пат,пожар му се појавил на командната табла на автомобилот, но и овој пат успеал да се извлече со помали изгореници и помалку коса која огнот му ја изгорел.

Во 1995 година го удрил автобус, а една година подоцна бил истуркан од камион на еден планински пат. Немал каде и завршил во кањон длабок 300 метри. Фрањо успеал некако да излезе низ прозорецот од автомобилот и да заврши закачен на едно дрво.

Ова било последно соочување со смртта на Фрањо, но не и последно што му се случило во животот.

Во 72 година од животот, прв пат уплатил лото. И погодувате што му се случило? Секако дека добил, и тоа милион евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top