Државата на часовници и чоколади е прогласена за најсреќна држава на светот во 2015 година, спрема најновото истражување на иницијативата “Мрежа на решенија за одржлив развој” на Обединетите нации.
Зад Швајцарија се сместија Исланд, Данска, Норвешка и Канада, а Македонија од 158 држави го завзеде 93 место. На дното од скалата се Авганистан, Руанда, Бенин, Сирија, Бурунди, додека најнесреќна земја на светот е Того.
Од регионот Словенија е на 55 место, Хрватска на 62, Косово на 69, Црна Гора 83, Србија 87, а понесреќни од нас се Албанија на 95 место, Босна и Херцеговина на 96 и Унгарија на 106 место.
Светскиот извештај за среќа има цел за подобрување на политиките, а се базира на податоци од светското истражување на институтот Галуп и во предвид ги зема информациите како што е БДП по глава на жител, очекуваниот животен век на жителите, корупцијата и општествената слобода.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град