Ова е најсилниот ураган на Земјата во 2014 година

Загрозен е јапонскиот остров Окинава

 |  инфодеск  | 

Фотографијата на тајфунот Vongfong, чии ветрови достигнуваат брзина од 194,46 km/h и бранови со висина од 15,25 метри, е снимена од меѓународна вселенска станица.

Тајфунот се движи кон Јапонија, а се стравува дека би можел да биде силен како тајфунот Haiyan кој минатата година усмрти повеќе од 8.000 лица на Филипините.

Се проценува дека тајфунот во наредните денови ќе се засили и дека ветровите ќе достигнат брзина од 260 km/h. До сега предизвикал мали штети, но експертите предвидуваат дека, овој викенд, би можел да го загрози јапонскиот остров Окинава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top