Најнеобично езеро на светот

На светот има секакви природни феномени, но овој привлекува туристи од цел свет

 |  инфодеск  | 

Дека на светот постојат секакви природни феномени одамна знаеме, но дека има езеро полно со “точки” не ни било ни на крајот од паметот.

Во близина на градот Osoyoos во канадската покраина Британска Колумбија е сместено Точкасто езеро кое привлекува туристи од целиот свет.

Својот необичен изглед го должи на високата концентрација на разновидни минерали како што се магнезиумов сулфат, калциум, натриев сулфат, сребро и титан. Летно време водата испарува од езерото па така поприма точкест изглед кој се должи на собирање на минералните соли, а од составот на минералите зависи и бојата на езерото и тоа може да биде жолто, зелено или бело.

Пред стотина години црпени се минерали од езерото за изработка на муниција, а тогаш од езерото било можно да се извлече и еден тон сол дневно. Староседелците (Индијанците) езерото го сметале за свето место со оглед на тоа дека водата има лековити својства што Индијанците максимално го користеле. Спрема легендата, кога две завојувани племиња ќе договореле примирје, своите ранети ги ставале во езерото верувајќи дека ќе ги излечи.

Точкастото езеро неодамна за малку ќе завршеше како спа центар, но староседелците ги наговориле сопствениците тоа да не го прават туку да им го продадат ним. На тој начин тие го сочувале од комерцијализација.

Денес пристапот до езерото е оневозможен, така што не е допуштено потполно приближување. Сепак, погледот на езерото од патот и понатаму останува фантастичен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top